КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА КРЕАТИВЕН ТУРИЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА – ОБЕДИНУВАЊЕ НА СИТЕ ЧИНИТЕЛИ

Во просториите на Јавна соба (поткровје), утре (5 ноември) утре во 10 часот ќе почне еднодневната конференција за развој на креативен туризам во Македонија.

Оваа конференција со примеси на панел дискусија има за цел да ги доближат сeкторот култура (поконкретно креативните индустрии) и секторот туризам.

„Во овој момент овие два сектора едвај имаат допирни точки и секаков вид на соработка е сосема случајна. За да се отпочне со било каква соработка потребно е овие сектори вистински да се запознаат и да се детектираат можностите и областите на соработка. Со други зборови, ова е еден здрав обид да се спои убаво и корисно за двете страни. Skopje Design Week во соработка со Министерството за култура и туризам, во име на креативните индустрии во Македонија“, велат организаторите.

Од оваа конференција се очекува да произлезат идејни проекти за понатамошна соработка на поле на култура и туризам.

Првиот панел ќе биде на темата „Културните оператори двигатели на локален економски раст и развој – привлекување странски посетители. Модератор е Александар Велиновски, а панелисти се  Логин Кочишки, Д Фестивал Дојран и Таксират Скопје. Владица Младеновски, Грга, МКЦ Скопје,  Тодор Ивановски, Локумфест, Битола Тошо Чочороски, КУД Дримкол, општина Вевчани – Вевчански карневал Марија Ѓоргова, државен секретар, Министерство за култура и туризам.

Вториот панел ќе биде посветен на темата “Како да ги разбереме туристите кои ни доаѓаат?“, а панелисти се Аккан Махмут, национален коодинатор за туризам во Влада на Македонија Владимир Граматиков – ТАВ Македонија, директор на маркетинг Зоран Тодоровски Паладиум груп Македонија Ивана Брдаровска, Balkan Prime Tours Јованка Ѓорѓевска.

“Skopje Design Week” е дел од европската мрежа на манифестации за дизајн во друштво на “Миксер” од Белград, “What Design Can Do” од Амстердам, “Барселона дизајн вик” и Австрија “Дизајн”, фестивали од каде ќе видиме и најголме борј на презнетции и промоции. Истите ја промовираат Европската зелената агенда (European Green Deal Agenda) и дизајнот на идните млади дизајнери под мотото NextGenDesign.eu  

 

Фестивалот “Skopje Design Week” е поддржан од Министерството за култура и Европската комисија.