Изложба во спомен на Архитектот Душан Грабријан

Извор: KONNTRA

На 30 ти јуни ќе се отвори изложбата во спомен на архитектот Душан Грабријан. Изложбата ќе претстави творештво и истражувања преточени во низа публикации од страна на архитектот Грабријан. Публикациите ќе бидат претставени како една континуирана мисла со специфичен акцент на нашето архитектонско градителско наследство во Македонија.

Изложбата е организирана од страна на Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија, во соработка со архитектонското студио KONNTRA.

Настанот на официјално отворање ќе се одржи на 30 јуни со почеток во 19 часот. Изложбата ќе биде отворена до 17 јули, во просториите на Галеријата на NLB Banka Skopje.

Фотографија:

KONNTRA_Постер за изложба во спомен на Архитектот Душан Грабријан

 

Дознајте повеќе за истражувањата на Грабријан за македонската куќа >>>