Меѓународен конкурс за идејно решение за Централната библиотека во Подгорица

Министерството за просторно планирање, урбанизам и државна сопственост распиша Меѓународен конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за објектот на Централната универзитетска библиотека во Подгорица.

Целта на конкурсот е добивање функционално и препознатливо идејно архитектонско решение за Централната универзитетска библиотека, кое, пред сè, ќе ги исполни сите пропишани услови и ќе постигне максимална усогласеност со барањата дефинирани во конкурсната задача. Новиот објект треба да одговара на современите стандарди и нормативи, со посебен акцент на интеграција на сите програмски содржини и создавање мултифункционален простор што поттикнува учење, истражување и интеракција.

Се очекува конкурсните трудови, земајќи ги предвид амбиенталните вредности на локацијата и поширокиот контекст на универзитетскиот кампус, да понудат решенија кои ќе се истакнат со уникатен архитектонски израз и иновативни просторни концепти. Особено значење се придава на развојот на флексибилни и прилагодливи простори, кои ќе ги задоволат потребите на различни корисници – од студенти и професори до истражувачи и пошироката јавност. Библиотеката мора да биде проектирана како динамичен центар на знаење, култура и иновации, со современа инфраструктура и техничка опрема.

 

 

Посебен акцент се става на доживувањето и естетиката на објектот, кој треба хармонично да се вклопи во постојното опкружување на кампусот. Пропорциите, материјалите и обликовниот израз треба да придонесат за препознатливоста на објектот, додека функционалноста и прилагодливоста ќе гарантираат долгорочна вредност и значење на библиотеката како клучен интелектуален и културен центар на универзитетот.

Конкурсни рокови:

Конкурсот е отворен од понеделник, 2 јуни 2025 година.

Рокот за поднесување трудови е понеделник, 15 септември 2025 година, до 12:00 часот (локално време во Црна Гора).

Конкурсните трудови се испраќаат на адреса: librarymne@gmail.com

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени до петок, 3 октомври 2025 година.

 

Продлжете со читање кај изворот >>>