Конкурс за идејно решение за Месен центар Забјело во Подгорица

Главниот град на Црна Гора, Подгорица распишува Конкурс за идејно решение за Месен центар Забјело во Подгорица. Предметниот конкурс е резултат на потребата градската населба Забјело во Подгорица да добие Месен центар кој со својата содржина ќе влијае на подобрување на социјалниот квалитет на живот на жителите на таа населба. Поточно, со неговата содржина долгорочно ќе се развива Главниот град преку принципот на просторно уредување, заедно со општествен и економски развој, како и заштита на животната средина. Објектот со сите свои содржини ќе има повеќекратно влијание, како врз животот и културата на заедницата, така и врз создавањето нови можности за нејзино унапредување.

Со него се создава можност во населбата, која од година во година бележи голем пораст на населението, да се интегрираат содржини што ќе овозможат културни, здравствени и комерцијално-социјални услуги.

Вид на конкурс
Конкурсот е меѓународен, општ, едностепен и анонимен.

Јазик на конкурсот
Конкурсот се распишува и спроведува на црногорски и англиски јазик.

Рокови на конкурсот
Конкурсот е отворен од 1 април 2026 година.
Рокот за доставување прашања е 4 мај 2026 година.
Одговорите на сите пристигнати прашања ќе бидат објавени до 8 мај 2026 година.
Рокот за предавање на трудовите е 10 јуни 2026 година до 09:00 часот (CEST, UTC+2).
Сите учесници ќе бидат известени за одлуката на жирито најдоцна до 1 јули 2026 година.

Прашањата се доставуваат на адреса: konkursi.mczabjelo@podgorica.me.
Конкурсните трудови се доставуваат на адреса: konkursi.mczabjelo@podgorica.me.

Жири
Членови на жирито се:

  • Горан Војводиќ, архитект, стручен член
  • Давид Мишиќ, архитект, стручен член
  • Огнен Марина, архитект, стручен член
  • Ивана Добрковиќ, архитектка, претставник на Инженерската комора на Црна Гора
  • Душка Мачиќ, архитектка, претставник на распишувачот на конкурсот

Известувачи

  • Стефан Ѓукиќ, архитект, Главен град Подгорица
  • Марија Шќепановиќ Бољевиќ, архитектка, Главен град Подгорица

Награден фонд
Вкупниот конкурсен фонд за организација на конкурсот изнесува 100.000,00 евра.
Наградниот фонд изнесува 76.000,00 евра и ќе биде распределен на следниов начин:

  • I награда – 35.000,00 €
  • II награда – 20.000,00 €
  • III награда – 12.000,00 €
  • Три откупи – по 3.000,00 €

Жирито го задржува правото да не додели некоја од наведените награди доколку пристигнатите трудови не се на задоволително ниво, како и да воспостави посебни награди и признанија.

Право на учество
Право на учество на конкурсот имаат сите физички и правни лица кои ги исполнуваат условите пропишани со Конкурсниот оглас и Конкурсната задача. На конкурсот можат да учествуваат лица со живеалиште, односно седиште во Црна Гора, како и лица со живеалиште, односно седиште во друга држава. Право на учество немаат лица кои непосредно учествувале во подготовката и спроведувањето на конкурсот, нивните најблиски роднини, лица вработени кај распишувачот, лица на кои им престанал работниот однос кај распишувачот во период од две години пред распишувањето на конкурсот, како ни лица кои се во сродство или работен однос со членовите на жирито.

Задолжителни услови за учество на конкурсот се:

  • конкурсниот труд мора да ги содржи сите графички и текстуални прилози, како и други податоци барани со Конкурсниот оглас;
  • конкурсниот труд мора да биде доставен во предвидениот рок и на начин дефиниран со Конкурсниот оглас.

Секој учесник, поединечно или како дел од авторски тим, има право да учествува со само еден труд.

Преземање на конкурсната документација
Комплетната конкурсна документација ќе биде достапна на интернет страниците:

Конкурсна документација
Преземањето на конкурсната документација е бесплатно.

Конкурсната документација содржи:

  • Распис на конкурсот;
  • Конкурсна задача;
  • дигитална геодетска подлога на предметната локација;
  • катастарско-топографска подлога на локацијата со непосредното опкружување;
  • фото и видео документација.

Содржина на конкурсниот труд
Конкурсниот труд се предава исклучиво во дигитален формат и треба да содржи текстуални и графички прилози во PDF формат, A0 пано за потребите на изложба, DWG фајл за проверка на површини, како и посебен фолдер со податоци за авторот, сè во согласност со условите дефинирани со Конкурсниот оглас.

Објавување на резултатите
Резултатите од конкурсот и Извештајот на жирито ќе бидат објавени на интернет страниците на Главниот град Подгорица и Architectural Competitions. Сите пристигнати конкурсни трудови ќе бидат јавно изложени во рок од 30 дена од денот на доделување на наградите.