Меѓународен конкурс за Музеј на современа уметност со повеќе содржини во Подгорица

Црна Гора продолжува со безкомпромисната решеност, да ги добива своите значајни објекти на меѓународни конкурси. Овој пат станува збор за Конкурс за идејно архитектонско решение на музеј на современа уметност, природнонаучен музеј и парк на културата и уметноста со придружни содржини во функција на културата.

На овој повик има и поканети учесници, па доколку сте подготвени да се натпреварувате со Sou Fujimoto, Junya Ishigami, Diller scofidio + renfro, Snohetta или Henning Larsen, тогаш ова е тој предизвик.

Локацијата за која станува збор се наоѓа на местото на поранешната касарна Морача и зазема централна позиција во главниот град. Затоа е исклучително важно да се валоризира овој простор преку воспоставување на нови просторни содржини и создавање зона која ќе стане културен центар на градот.

 

 

Целта на Конкурсот е да се избере конкурсно решение кое ќе ги даде најдобрите предлози за урбанистичко решение на просторот со идејно архитектонско решение за музеј на современа уметност, природнонаучен музеј и парк на културата и уметноста. Другите содржини во функција на културата треба урбанистички да се елаборираат и да се даде концептот на архитектонско дизајнирање. Исто така, од учесниците се очекува да понудат решение кое преку репрезентативност, дизајн и материјализација ќе придонесе за промена на визуелниот идентитет и на потесниот и на поширокиот центар на градот.

Конкурсот е отворен од  10 ноември 2023 година, додека Крајниот рок за поднесување на трудовите е 23:59 часот (по локално време во Црна Гора) четврток, 15 февруари 2024 година.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени до вторник, 26 март 2024 година.

Наградниот фонд е незамислив за македонски услови:

I награда –  100.000,00 €
II награда –   50.000,00 €
III награда-  26.000,00 €
Три откупи –  8.000,00 €

Сите информации околу овој конкурс побарајте ги на страната на изворот >>>