Конкурс за идејно решение на општа болница во Пљевља – Црна Гора
12.02.2023 • Конкурси Од регионот
Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора, распиша уште еден меѓународен Конкурс за идејно архитектонско решение за нов објект на општата болница во Пљевља.
Вкупната површина на парцелата на која треба да се делува е 15.390 m2. Од учесниците се очекуваат високо функционални објекти, единствени во архитетонското обликување, но неминовно решенија кои би создале просторни услови за рационализација и зголемена ефикасност на работата на општата болница.
Конкурсот е отворен од 9 февруари, 2023 година, до 14ти април. Резултатите од конкурсот ќе се објават до 9 мај на страната на министерството.
За најдобрите се предвидени следните награди:
I место – 37,000 евра;
II место – 18.000 евра;
III место – 10.000 евра;
3 откупи – 4.000 евра.
За сите останати детали, прашања и симнување на конкурсен материјал можете да ја посетите официјалната страна на распишувачот >>>
Автор на статија: Filip Koneski