Конкурс за спортско рекреативна зона – АРМ – Битола
27.03.2026 • Конкурси
Програмата за изработка на идејно урбанистичко-архитектонско решение за спортско-рекреативна зона АРМ – Битола е изработена за опфат кој е дел од старата касарна „Стив Намов“ во Битола согласно важечката урбанистичко – планска докментација која го опфаќа овој опфат.
Земајќи ја во предвид интензивната урбанизација на овој дел од градот со доминантна намена домување, урбанистичките показатели на важечкиот детален план за оваа подрачје, како и стратешките определби за одржлив развој на Општина Битола, неопходно е да се превземат акции за зголемување на еколошките и спортско-рекреативните вредности на овој простор, како дел од зелената инфраструктура на градот. На овој начин, реално се дава можност да се искористи високиот потенцијал за обезбедување на здрава и безбедна животна средина за сите жители на Битола, што деновиве веќе станува непоходност, зголемувајки ја атрактивноста и зајакнувајќи ги идентитетски вредности на градот.
Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги принципите на одржливост и избалансиран економски, социјален, еколошки и културен развој .
Конкурсот ги има следните специфичи цели:
- Да се добие урбанистичко-архитектоско и пејсажно решение кое е во контекст со околината и природните услови на самата локација, создавајќи естетска и функционала целина која ќе придонесе за идентитетскиот равој на градот во просторна и програмска смисла.
- Оптимално искористување на локацијата со минимална изградба која се вклопува во пејсажот, формирајќи еколошки, едукативи и рекреативни површини.
- „Зелен и паметен“ пристап во проектирањето,
- Етапност во изведувањето (почнувајќи од садење на вегетатицја и поставување на неопходната инфрастрктра, особено обрнвајќи внимание на одводнување на површинските атмосверските води од самата локација)
- Екомичност, иводливост и одржливост на предложеото решение.
Жири комисијата има право да ги додели следните награди и откупи:
- Прва награда во износ од 211.582,00 денари ,
- Втора награда во износ од 120.904,00 денари,
- Трета награда во износ од 90.678,00 денари,
- Максимум три понудувачи 3 х 60.452,00 = 181.356,00 денари.
Сите детали околу конкурсот можете да ги најдете кај изворот >>>
Автор на статија: Filip Koneski
АРМ / Битола / Идејно архитектонско решение / Конкурс / рекреативна зона

