Детска градинка, Загреб, Хрватска / KONNTRA – Шалева, Лозановска, Јуришевич, Пахович
02.01.2019 • XXI век
Изминатата година тимот на KONNTRA зема учество на неколку архитектонски конкурси во Хрватска. Денес ви го приложуваме нивното решение за објект за едукација на деца од предучилишна возраст, кој цели кон изнаоѓање на најдоброто обликовно, функционално и економично решение на зададената тема. Авторите Мирјана Лозановска, Силвија Шалева, Ерик Јуришевич и Нина Пахович се здобија со четврто награденото место, од вкупно 60 пристигнати труда.
Проектот осебно го привлече вниманието на комисијата со својот осврт на филозофските цитати од Италијанскиот писател Итало Калвино и провокативно изразување на цртежите во манир на Филипе Рахм.
Квалитетите на моменталното опкружување од кое преовладуваат приватни дворови со бујна вегетација е забелешка на авторот која изразито се провлекува во предложениот проект со цел задржување на постоечкиот амбиент. Објектот е обликуван во форма на квадрат, центално поставен на градежната парцела се со цел да се оформи појас со високо и ниско зеленило околу него. Монолитната урбана форма со доволно простран атриум опколен со зеленило делува уверливо и издржано.
Идејата да се оформи надворешен простор за едукација и рекреација е успешно прикажана преку решението за дворните површини, па така се претставени различни атмосфери, употреба на варијација на материјали и можности.
Архитектонско проектантскиот пристап укажува на севкупно промислен концепт кој како модел за образовна институција на деца од предучилишна возраст може да функционра одлично.
Фасадниот израз во однос север и запад е формиран како цврста непровидна структура, додека источната и јужната се лесни и транспарентни се со цел поголем упад на сончева светлина во внатрешниот простор. Обликот и позицијата на поливалентната сала и другите заеднички простории во атриумот се претставени како одлично решение за атрактивни и инспиративни простори за деца.
“A child draws only when he feels like it, when he wants the drawing to make his wish come true. What a child wants but cannot have he draws, and the drawing becomes his reality“
Edvard Ravnikar
Children’s Drawings. Arhitekt, Ljubljana. 1955, No. 16, p. 22-25