Кристалната Сала
10.09.2024 • Ентериер и мебел
Изградена е во 1954 година, со намена за протоколарни активности: приеми, коктели, свечени ручеци и вечери, свечености, семинари, меѓународни конференции, тркалезни маси, како и за доделување на државни награди и признанија.
Она по кое е позната оваа сала, а воедно го добила и името се петте висечки лустери изработени во оригинални сфаровски кристали.
Во салата е изложена и резбата „Сердарот“, изработена од авторот Боро Митриќески, посветено на истоименото дело од Глигор Прличев, поема која во 1860 година ја добива наградата лаворов венец, по што е наречен и Втор Хомер.
Приложените фотографии се printscreen од виртуелната тура, достапна на страната на Собранието на Република Македонија
Автор на статија: Filip Koneski