Ламби од афричка лејка / Булоски
09.11.2017 • Ентериер и мебел
Автор: Климент Булоски
Година на реализации: 2017
Материјал: Афрички лејки
Контакт: klimentbul.com
*
Климент Булоски создаде бренд за рачно изработени ламби со високо технички и уметнички квалитети. Тој за овој процес како материјал ги користи афричките лејки со потекло од Гвинеја и Мали, создавајќи ламби со двојна природа. Преку ден ги доживуваме како скулптури на кои се перцепира вложениот труд, додека во вечерните часови ја вршат примарната функција.
*
Ignis folia by day
*
За изработка на едно вакво дело, Климент вели дека е потребно во просек по 1000 часови. Преку внимателно брусење – резбарање се дефинира скулпторската композиција, чиј процес можете да го погледнете на неговата страна.
*
Canona macro
*
Зависно од нивото на одземање од површинскиот слој на лејката, варира и колоритот, од темно црвена во картата на огнените бои, преку портокаловата до светло жолтата. Тоа значи внимателност при изработката и крајна дебелина на ѕидот од 0.5 mm до 3mm.
*
Canona
Преку целосното перфорирање на ѕидовите од афричката лејка се постигнува илуминативен шаблон кој рефлектира светлосен патерн во амбиентот.
*
Ignis folia ambiental
*
Секој дизајн од овие уникатни ламби има силна геометриска основа: тетраедар (Триаголници), додекаедар и 1,6 сооднос (Фибоначи), вертикална симетрија (Игнис фолиа), Питагорина теорема (Питагорино дрво), икосаедар и музички канон (Канона). Оваа стабилна геометриска основа, математички или музички правила даваат разумност и логика на целокупниот дизајн.
*
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
klimentbul.com / афричка лејка / Климент Булоски / ламби / резба / светлина