Aрхитектурата на новата музеологија: од музеј – зграда до музеј – територија

 

Приредила: доц. д-р Мери Батакоја

Година и место на издавање: 2019, Скопје

Издавач: Архитектонски Факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Едиција: Проекти [ЕП]

Автори: доц. д-р Мери Батакоја; Никола Ќурчиевски; Доротеа Калапути; Давид Ристески; Анета Димеска; Теа Дамјановска; Ирина Цоневска;  Матеја Николиќ; Симона Мирчевска; Ивона Ристовска;

Достапна во: библиотеката на Архитектонски Факултет, Скопје

 

 

 

 

Книгата претставува збирка од илустрирани осврти на девет магистерски трудови, работени во текот на 2016/2017 и 2017/2018 година, со предговор и поимник како вовед во темата.

 

 

 

 

Листа на магистерски трудови:

  • Никола Ќурчиевски | Повеќенаменски објект – Архитектонска интервенција на урбан праг на „Широк сокак“ во Битола;
  • Доротеа Калапути | Модел на порактивен музеј на галичките традиции – Галичник;
  • Давид Ристески | Архитектонски интервенции во прилог на нагласување на патеката на крал Марко – Прилеп;
  • Анета Димеска | Модел на музеј-дестинација базиран на интеракција помеѓу јавниот отворен простор и музејската архитектура – Прилеп;
  • Теа Дамјановска | Архитектонско сценарио за музеализација на стариот град во Охрид;
  • Ирина Цоневска | Музејска променада: архитектонски интервенции во избран сегмент од кањанот Матка;
  • Матеја Николиќ | Мемориски пејсаж: Архитектонски интервенции во прилог на регенерација на територијалниот зачеток на градот Скопје;
  • Симона Мирчевска | Дисперзиран музеј на природата – Пелистер;
  • Ивона Ристовска | Модел на музеј-предел добиен преку превод на постапки од Земјишната уметност во архитектурата – Кокино;

 

 

 

 

 

 

 

 

Промоцијата на книгата се одржа на 26.12.2019 во стаклената училница “GLASSROOM” на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Настанот беше отворен од Деканот – проф. д-р Огнен Марина, по што следеше и краток вовед од доц. д-р Мери Батакоја.

Промоцијата беше надополнета и со разговор за музеите со проф. д-р Анета Христова – Поповска од Архитектонски факултет, УКИМ – Скопје и проф. д-р Никос Чаусидис од Филозофски факултет, УКИМ – Скопје.