Деловна зграда „Македонија Табак“ / Вренцоски
16.11.2018 • ХХ век / II половина
Година: 1981-82
Автори: Славе Вренцоски
Фотографии: Бимас 2, „55 istaknutih arhitekata Jugoslavije“, Борис Јурмовски, Филип Конески
Извори: Бимас 2, „55 istaknutih arhitekata Jugoslavije“
Локација: бул. „3та македонска ударна бригада“ Скопје
Објектот со својот просторен волумен и форма ја симболизира дејноста и значајната улога на оваа реномирана извозна куќа, сето тоа е изразено низ комплексната функција, обликувањето и формирањето.
Локацијата на која е сместен објектот, расположливиот простор, комуникациските врски, влијаеа врз проектантскиот пристап , пред се во изнаоѓањето најадекватни решенија за функционално-технолошката и просторна поставеност, што овозможи структурален однос на масите на објектот како израз на функцијата на просторот.
Фотографии 1983:
Тековна состојба:
Автор на статија: Filip Koneski