Македонската споменична архитектура во улога на сценографија
19.03.2020 • Уметност
За Македонската споменична ахритектура, воопшто и југословенската, веќе подолго време говориме и се трудиме да ја варолизираме што повеќе. Истата е забележана на интернационално ниво, особено во професионалните кругови, она што следи е нејзино соодветно место во учебниците по историја на ахритектура.
Нејзината вонвременска димензија, скулпторалност и потенцијал допрва ќе се открива. Постојат многу креативни насоки, како овие ремек дела можат дополнително да се екплоатираат ( музика, сценографија, графички дизајн, уметност, филм, културни настани …. ) Го чекаме моментот кога истата ќе се појави на филмското платно како сценографија од некој научно-фантастичен филм.
Монтажа: Филип К. 2016 година ( Star Wars vs Велешка Костурница)
Додека работиме на тоа да ги инспирираме луѓето во оваа индустрија :D, се појави музички запис на Katerinha од Берлин, Германија ( инаку по потекло од Македонија ) , за песната Trippin во кој главните кадри се снимени кај Македониумот во Крушево и Велешката Костурница, како и локации од Србија и Босна и Херцеговина.
Автор: Katerinha
Продукција: Àbáse, jazzbois
Микс и мастер : Tamás Czirják
Актери: Exocé Oob Kasongo & Astan Meyer Directed
Режија: Milena Viitman
Кинематографија: Vladimir Dimoski
Фотографија : Kimani Schumann
Шминка: Cult Sup
Кореографија: Exocé Oob Kasongo, Astan Meyer & Katerinha
Уживајте !
Автор на статија: Filip Koneski