Македонските мајстори-градители од XIX век / Томовски

Наслов: Македонските мајстори-градители од деветнаесеттиот век

Автор: Крум Томовски

Година: 2006

Издава: Македонска академија на науките и уметностите

Уредник: Акад. Цветан Грозданов

Ликовен уредник: Кочо Фиданоски

Јазична редакција: Здравко Ќорвезировски

Коректура: Виолета Јовановска

Тираж: 500

Извори: Томовски, Крум. Македонските мајсторите-градители од деветнаесеттиот век. 2006. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите), Wikipedia

 

 

Кој го створил она што денес го знаеме како Македонска традиционална архитектура? Кое знаење го имале овие мајстори, како дејствувале, што можеме да научиме од нив? Ова се прашања чиј одговор авторот Крум Томовски ги истражува во текот на неговата академска кариера. Денес ја разгледуваме неговата книга „Македонските мајстори-градители од деветнаесеттиот век“ која е посветена на документирањето на градителите кои дејствуваат на оваа територија во XIX век, нивната култура и процесот на градењето.

 

 

Традицијата на македонските градители е долга и богата. Но можат ли да се именуваат овие визионери, кои се семејните лози кои со генерации ги граделе и декорирале градбите на овие простори? Авторот во оваа книга дава редок увид во начинот на кој што градежните работи биле спроведувани во минатото, како тие биле правно уредувани, жаргонот на градителите и нивните тајни јазици кои ги користеле за внатрешна кодирана комуникација. Овој тип на литература ни го доближува процесот на градење на историските градби преку прикажување на останатите аспекти од животот на тајфите. Учиме за инженерите на овие простори, интелектуалци во своја категорија, кои граделе врвни естетски зданија со ништо повеќе од кал и камен. Тие се инспирацијата на генерации домашни и странски архитекти .

 

 

Содржината е поделена на два дела. Првиот дел именуван како Архитектонското творештво и организацијата на градење се бави со општествено-економските и културните услови во Македонија во 19век; организацијата на мајсторите и други активности сврзани со нивната дејност; тајфите, еснафите, договорите за градба и тајните јазици со кои се служеле мајсторите.

 

 

Вториот дел е именуван како Мајстори-градители и нивните дела и е екстензивна листа на значајните мајстори првенствено од родот Рензовски-Дамјанови, како и други мајстори-градители. Изданието содржи голем број на графички материјали, меѓу кои можеме да најдеме и оригинални технички цртежи за капиталните дела на македонските градители и фотографии од нив. Во оваа книга ќе најдете и информации за цркви на нашите простори чије авторство не е констатирано, но се од значај.

 

 

Оваа книга можете да ја најдете во библиотеката на МАНУ, библиотеката на Архитектонскиот факултет – Скопје, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.

 

за авторот:

Крум Томовски (Скопје, 21 декември 1924 – Скопје, 8 јули 2010) — македонски академик, архитект и конзерватор. Тој бил основач на Заводот за заштита на спомениците на градот Скопје, бил претседател на Архитектонската академија од нејзиното основање во 1997 до 2000 г, шеф на архитектонскиот оддел на Архитектонскиот факултет и угледен член на МАНУ

  • Мајстор Андреја Дамјанов, Крум Томовски, Архитектонско графдежен факултет Скопје, 1966;
  • Архитектурата на почвата на Македонија: од средината на XIX до крајот на XX век : прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, Крум Томовски, Михаил Токарев, МАНУ 2006
  • Протомајсторот Ѓорѓи Новаков Џонгар, живот и дело, Крум Томовски, Ванагел Божиноски,МАНУ, 2008,
  • Современные этнические процессы в СССР и СФРЮ: советско-югославское совещание, Крум Томовски, Маргарита Сергеевна Кашуба, Галаба Паликрушева, Институт этнологии и антропологии им. Н.Н. Миклухо-Маклая, Российская академия наук, Ин-т этнологии и антропологии им. Н.Н. Миклухо-Маклая, 1992
  • Современные èтнические процессы в СССР и СФРЮ: советско-югославское совешćание, Крум Томовски, М.С. Кашуба, Галаба Паликрушева, Россиîская академия наук, 1992