Македонските градежни активности на блискиот Исток

Во денешната објава ви го проследуваме интересниот видео прилог од архивите на ТВ Скопје од 1977 година во кој се направени неколку интервјуа со македонските градители и инженери кои во времето на снимањето на емисијата работат во Ирак.

Познато е дека градежните претпријатија во Македонија биле ангажирани на повеќе странски проекти во кои учествувале илјадници југословенски работници, како и голем број на високо стручни техничари, архитекти и градежни инженери.

Ова е ретка шанса да се увиди во оној не толку познат дел од македонското градителство – перспективата на работниците кои одат на печалба во непозната земја, со различна култура и обичаи. Ова не го напоменуваме без потреба бидејќи денес секој во професијата може да забележи на се поголемиот одлив на работници од нашата држава.

Со оваа објава упатуваме и покана доколку некој од нашите читатели го препознаваат комплексот на објекти прикажан во ова видео, да ни пишат повеќе информации и со тоа потенцијално да направиме објава за истиот.

 

 

Во прилог е кратка фотогалерија од самото интервју: