Македонските градови во XIX век и нивната урбана перспектива / Чипан
17.07.2023 • Литература
Наслов: „Македонските градови во XIX век и нивната урбана перспектива“
Автор: Борис Чипан
Издава: Македонска академија на науките и уметностите – Скопје
Година: 1978
Фокусот на денешната објава од полето на литературата е труд на проф. арх. Борис Чипан кој за своја тема ја поставува врската меѓу минатото и иднината на македонските градови. Трудот е впрочем есеј каде авторот го изразува својот став на прашањето на регионалнизмот во архитектурата и урбанизамот, како и историски преглед на развојот на македонските градови на преминот од XIX и XXвек.
Како референца во елаборирање на ставот, проф. Чипан го цитира Валтер Гропиус кој ја критикува новата технократска идеа во проектирањето на архитектурата и градовите додека се заборава улогата на креативниот уметник како клучниот играч во создавање на хумана и безвременска градба:
„ …За своето одржување нашето општество навистина ја разбра вредноста на научникот. Помалку сме свесни за виталната важност на креативниот уметник кога тој се појавува да ја води и обликува нашата животна средина. Ниедно општество во минатото не создало културен израз вез учество на уметникот. Мислам на она битно што не може лесно да се одмери, но паѓа в очи, кај поголемите и помалите градови од старите култури, она што се уште има сила да не’ потресе, иако е застарено од гледиште на практична употреба. Тие сили, што не можат да се одмерат, го карактеризираат она што го изгубила концепцијата на современите заедници, имено, онаа вечна вредност на единството на поредокот и на духот – видливо изразена со просторот и со волуменот.“
На крајот на есејот авторот дава и пресек на историските настани кои драстично го менуваат изгледот на градовите во Македонија, која гледано на широк план нагло го заменува феудалниот систем со индустрискиот модел на општество каде градовите воглавно се проектираат за автомобилите а не човекот.
Проследете го целиот труд:
Автор на статија: Љубен Трајаноски