МАРХ – Архитектурата и Истражувачката Дејност / фотогалерија /

Дата: 31ви Мај 2022 година,

Локација: Архитектонски Факултет – Скопје

Фото  : Борис Јурмовски

 

На 31.05.2022 (вторник) на покана на Факултетското студентско собрание при Архитектонски факултет во Скопје одржавме предавање на тема “Архитектурата и истражувачката дејност“. Обраќањето кон присутните го започнавме со општо запознавање и вовед за тоа кои се целите на долг рок и кои се причините за постоењето на МАРХ како вебсајт и колектив. Понатаму зборувавме за категориите на нашиот вебсајт, класифицирањето на поважните теми и за позитивните влијанија и придонеси на МАРХ во секојдневните случувања. Ги споменавме досегашните проекти и соработки во целиот период, од формирањето па се до ден денес во овие 8 години. За крај посочивме на неколку чекори и правила како другите можат да придонесат кон ширењето на мисијата за создавање подобро утре и хумано живеење. Голема благодарност упатуваме кон Архитектонскиот факултет при УКИМ за целокупната поддршка и соработка, и исто така голема благодарност до сите кои беа присутни. Секому добро!