MEDS со повик за учество на “City of contrast“ – Букурешт

MEDS претставува платформа која преку професионална, социјална, културна и креативна програма ги интегрира сите креативни (дизајнерски) дисциплини.
MEDS “Meeting of Design Students“ , е основана во 2010 година од страна на интернационални студенти по дизајн. Главна цел на истата е да ги поврзе сфери од областа на дизајнот како архитектура, внатрешен дизајн, индустриски дизајн, графички дизајн, веб дизајн, сликарство, моден дизајн…

med 1
MEDS се фокусира главно на експресија на идејата преку дизајн. Дизајнот ја материјализира идејата, ги преточува апстракните мисли и инспирација во нешто конкретно. Идејата за MEDS е да се овозможи размена на креативното знаење, да се осознае процесот на дизајн, да се разменат искуства, да се поттикне креативноста, да се тестираат способностите и да се охрабри комуникацијата и соработката помеѓу студенти од различни дизајнерски дисциплини. Различни луѓе, од различна култура, различно говорно подрачје, од различни дизајнерски сфери ќе бидат собрани на едно место за да создадат нови, свежи идеи.

med 2

MEDS се организира секоја година, како дво-неделна работилница, во различни земји во Европа, а од годинава и пошироко. Како организатори на истата се јавува тим од студенти и дијанери кои сакаат да ја претстават нивната земја преку организација на MEDS работилница.
Досега домаќини на MEDS работилници биле:
Аланија, Турција (2010) ; Истанбул, Турција(2011) ; Љубљана, Словенија (2012); Лисабон, Португалија(2013); Даблин, Ирска(2014); Тара,Србија(2015).

Годинава MEDS се одржува со Букурешт, Романија од 1-15 август, и тема на истата е “City of contrast“.
Секој учесник ќе има избор во која работилница ќе сака да ги помине своите 2 недели во Букурешт. Темите на работилниците варираат од урбани интервенции,пејсажен дизајн уметнички инсталации па се до продукт дизајн со цел секој од учесниците да може да се пронајде според своите желби .
Апликациите за учесници на MEDSbucuresht од Македонија се во тек.
Доколку сте заинтересирани да се приклучите на MEDS проверете на
https://www.facebook.com/macedoniameds/?fref=ts
или контактирајте не на : macedonia@medsworkshop.com

Автор на статија: