Меѓународен конкурс за идејно решение за Државниот куклен театар во Стара Загора, Бугарија
11.04.2023 • Конкурси Од регионот

Државниот куклен театар во Стара Загора и Министерството за култура на Бугарија, поддржано од општината Стара Загора, објавија Меѓународен архитектонски конкурс за концепт дизајн за Центарот за експериментална куклена уметност.
Повикот е отворен за дизајнери од целиот свет кои размислуваат надвор од стандардните рамки и се љубители на современата уметност. Театарот е подготвен да превземе ризик во име на артистичките процеси во кои се трага по суштинското значење на дејноста.
Куклениот театар треба да биде инкубатор за живиот театар кој е оригинален и неконвенкционален, место за пресретнување на луѓе со креативност и потенцијал, динамични, единствени и разнолики. Новиот центар треба да понуди можност на младите талентирани артисти, создавајќи им простор за развој.
Конкурсот е отворен од 10 април до 15ти јули, додека наградниот фонд за првото место изнесува 5000 евра ( II – 3000 / III – 2000 ).
Сите детали околу конкурсот можете да ги најдете на официјалната страна >>>

Автор на статија: Filip Koneski
Бугарија / Куклен театар / Меѓународен конкурс / Стара Загора