Во тек е реконструкција на МАКЕДОНИУМОТ во Крушево

Фото: НКЦ

Пред една година Владата на Македонија, најави темелна реконструкција и враќање на сјајот на Споменикот „Илинден“, повеќе познат како Македониумот во Крушево.  За истото Владата одвои 2.5 милиони денари, додека НУ Завод и Музеј Прилеп изработи проект за целосна реконструкција на објектот и партерот.

Најавите за неговата реконструкција беа од пред повеќе од деценија, кога се бараше начин за реставрација на витражите, за кои беа консултирани и експерти од странство.

 

Фото: Infokompas

 

Периодов пред еден од најголемите македонски државни празници Илинден, беа забележани делувања токму во делот на витражите, над кои се поставија метални решетки, подоцна прекриени со плексиглас. Поставувањето на истите беше дочекано со големи критики од страна на јавноста, поради несоодветното толкување или едноставно недостатокот на официјални информации за зафатот.

 

Фото: Infokompas

 

За приказната да го добие вистинскиот македонски карактер, по реакциите во јавноста се огласија од НУ Завод и Музеј Прилеп, кои соопштија дека не дале дозвола за привремената заштитна конструкција со најава за итна инспекција.

 

Привремена купола над Св. Софија во Истанбул – тековна темелна реконструкција

 

Она што зачудува е брзата реакција на одредени лица од професијата, кои кренаа непотребна паника во јавноста, што се прави дополнителна штета на процесот и угледот на институциите. Привремени конструкции се монтираат секогаш над значајни објекти на кои се вршат реставраторски зафати со цел  да се спречат атмосферските влијание при работа на куполи, прозорски отвори, кровни надсветла и слично како што е случајот и со Македониумот.

Останува да видиме како ќе тече реконструкцијата и секако да бидеме будни во процесот.

 

МАКЕДОНИУМ