Меѓународен конкурс за урбанистичко-архитектонско идејно решение за Блок А1, во рамки на првата фаза од реализацијата на населбата „Велје брдо“
08.01.2026 • Конкурси Од регионот
Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот распиша Меѓународен конкурс за урбанистичко-архитектонско идејно решение за Блок А1, во рамки на првата фаза од реализацијата на населбата „Велје брдо“.
Предмет на конкурсот е изработка на урбанистичко-архитектонско идејно решение за Блок А1, во рамки на првата фаза од реализацијата на населбата „Велје брдо“, со вкупна површина од 61.356 м², кој се простира на дел од катастарска парцела 387/1 КО Велје брдо. Освен тоа, предмет на конкурсот е и изработка на идејно решение за собирна сообраќајница која го опслужува предметниот блок, со што ќе се овозможи пристап до локацијата од главниот Булевар „Велје брдо“.
Целта на конкурсот е избор на најквалитетно, јасно читливо и плански проверливо идејно урбанистичко-архитектонско решение за Блок А1, односно решение кое ќе биде непосредно применливо во плански документ и ќе овозможи фазна и економична реализација. Во таа смисла, идејното урбанистичко-архитектонско решение за Блок А1 избрано на овој конкурс ќе стане составен дел од Измените и дополнувањата на Просторно-урбанистичкиот план на Главниот град Подгорица.
Од учесниците се очекува да понудат конкурсни решенија кои, пред сè, ќе се карактеризираат со добра урбанистичка поставеност, а потоа и со висока функционалност, естетика и просторно вклопување на планираните објекти во однос на предметната локација, сè во согласност и во рамките дадени со оваа конкурсна задача.
Јазик на кој се распишува и спроведува конкурсот:
Распишувачот го распишува и спроведува конкурсот на црногорски јазик.
Конкурсни рокови:
Конкурсот е отворен од 31 декември 2025 година до 31 март 2026 година.
Рокот за предавање на конкурсните решенија е 31 март 2026 година, до 12:00 часот (локално време во Црна Гора).
Конкурсните решенија се испраќаат на адреса:
konkursveljebrdo@mdup.gov.me
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени до 21 април 2026 година.
Распишувачот на конкурсот, по донесувањето на Одлуката на Комисијата и предавањето на Извештајот на Комисијата, ќе ги објави резултатите од конкурсот на официјалната интернет-страница на конкурсот: https://www.gov.me/mdup и www.architecturalcompetitions.me.
Рок за поставување прашања:
Сите заинтересирани учесници можат да поставуваат прашања во врска со конкурсот најдоцна до 10 февруари 2026 година, по што сите пристигнати прашања и одговори ќе бидат обединети и објавени на интернет-страницата на Министерството https://www.gov.me/mdup и на интернет-страницата www.architecturalcompetitions.me, најдоцна до 25 февруари 2026 година.
Прашањата се испраќаат на адреса:
konkursveljebrdo@mdup.gov.me
Награден фонд:
I награда – 100.000,00 €
II награда – 65.000,00 €
III награда – 40.000,00 €
2 откупи по 10.000,00 €
Право на учество:
Право на учество на конкурсот имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат условите дефинирани со Расписот на конкурсот и Конкурсната задача.
На конкурсот можат да учествуваат правни и физички лица (автори, коавтори, членови на авторски тим, соработници, консултанти и сл.) кои имаат живеалиште, односно седиште на територијата на Црна Гора, како и лица со седиште, односно живеалиште на територијата на друга држава.
Регистрација:
Регистрација не е потребна, учеството на конкурсот е бесплатно.
Конкурсна документација:
Текстуалниот дел од конкурсната документација – Распис на конкурсот и Конкурсната задача – можете да го преземете на следните линкови:
https://architecturalcompetitions.fra1.cdn.digitaloceanspaces.com/dokumenta/2025/695522a87e8b5.pdf
https://architecturalcompetitions.fra1.cdn.digitaloceanspaces.com/dokumenta/2025/695521e18d1ef.pdf
Графичката документација (PointCloud, ортофото мапа, фотографии и видео записи) можете да ја преземете на следниот линк:
https://www.swisstransfer.com/d/54114316-e9d0-4d43-9e17-a4c5c4851f7c
На следниот линк можете да ги прегледате интегрираните податоци на веб-страницата:
https://wievfromthesky.me/VeljeBrdo/
Исто така, можете да погледнете кратко видео на:
https://youtu.be/rdR4K2FJylg
Продолжете со читање кај изворот >>>
Автор на статија: Filip Koneski
архитектонско урбанистички / Велје брдо / Конкурс / Црна Гора

