Меѓународната унија на архитекти објавува повик за „Водичот за агендата 2030“

Комисијата за одржливи развојни цели на Меѓународната унија на архитекти (SDG) го објави повикот за предлози за верзијата на „UIA Водич за агендата 2030“ за 2023 година. Оваа публикација е инспирирана од „Архитектонскиот водич за 17 цели за одржлив развој на ОН“, кој има 2 тома објавени во 2018 и 2020 година.

Првиот том од книгата беше објавен во декември 2018 година,  додека вториот во октомври 2020 година, како резултат на партнерството помеѓу Комисијата за развој на UIA, Конгресот Во Копенхаген на UIA2023 и Кралската данска академија.

Овој водич ќе продолжи да ја демонстрира интеракцијата на архитектурата со секој од SDG и ќе се фокусира на поврзаноста меѓу различните цели.

КАТЕГОРИИ

Изборот на нови реализирани дела и идеи од целиот свет со придонес кон 17-те цели за одржлив развој ќе се реализира во три категории:

  1. Искуства од минатото: Изведени проекти во XX век.
  2. Проекти од минатата деценија: Изградени проекти од 21 век.
  3. Инспирации за иднината: Идеи и концепти за идни проекти.

 

ЈАЗИК

Англиски

 

РАСПОРЕД:

Објавување на повикот за предлози: 21 февруари 2023 година.

Краен рок за поднесување: 30 април 2023 година, 23:59 часот (CET).

Избор и селекција: 15 мај – 30 јуни 2023 година.

Објавување на резултатите: 5 јули 2023 година, за време на Светскиот конгрес на архитекти на UIA во Копенхаген.

 

Извор >>>