MELEEM со платформа за koфинансирање на „URBAN SNAKE“

Meleem преку креативна акција се обидува да собере средства за реализација на проектот „Urban snake“, кој беше развиен од група на студенти под менторство на  здружението.  Решението беше добиено преку  активностите на работилницата за “Редизајнирање на јавни површини во Скопје”  0.2, организирана од страна на Skopjelab.mk .

 

 

Кофинансирањето е замислено да се случи преку продажба на стандардни и актуелни форми на сувенири (маички ,брендирани чаши и торби), со пораки од познати  македонски архитекти или архитекти кои придонеле во развојот на домашната сцена. Доколку сакате да сторите повеќе, тогаш можете да донирате и парче урбана опрема која ќе го носи вашето име. Со секој купен предмет, вие  се вклучувате во реализирањето на партерот околу студентскиот дом „Гоце Делчев“.

 

 

Брендирањето носи предзнак „МакАрх“,  додека  повеќе информации  за оваа акција можете да дознаете на следниов линк  >>>