Од доделувањето на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“
05.01.2019 • Изложби Информации
Фотографии: Борис Јурмовски
Извор: Порта 3
На 26ти декември, 2018 година, за прв пат во просториите на МАНУ, се додели наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“. Истата ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија , додека годинашнен добитник е архитектот Миодраг Радоњиќ- Бато.
Архитектот Миодраг е роден во Краљевица ( Ријека) Хрватска во 1949 година. Од својата прва година живее во Скопје, каде го завршува и сопственото целокупно образование.
Основач е на неформалната студентска група „АЈВАР“, во која се приклучуваат архитектите Мартин Гулевски, Стеван Смилевски и Ранчо Христов. Повремено се приклучуваат и Крсте Џидров, Влатко Коробар и Слободан Живковски.
Познат е во фелата и по работата во Републичкиот завод за урбанизам „ЗУМ“ – Скопје, каде изработува бројни архитектонско урбанистички планови како за Македонија така и за регионот ( повеќе од 20 усвоени за реализација).
Основач е и на проектантското студио Ајвар, долго време бил претседател на Собранието на ААМ, како и еден од иницијаторите за формирањето на овластени архитекти и инженери (КОАИ).
Од свеченото доделување на наградата, ви носиме фотогалерија>>>
Автор на статија: Filip Koneski