Мултинаменски објект / Параметар Студио
01.11.2024 • XXI век
Биро: Параметар Студио
Автори: Методи Хаџи Андов, Димитар Стефановски, Сашо Андријевски, Игор Сугарчев
Година на проектирање: 2020 – 2021
Локација: Скопско, село Р’жаничино
Површина: 5200м2
Статика: Румен Инженеринг
Електрика: Маја Минчов
Објектот е лоциран во индустриска зона југоисточно од Општина Петровец во село Р’жаничино, нормално поставен меѓу регионалниот пат P-105 (Р’жаничино-с.Коњаре) и Новопроектирана улица ”5” која е истрасирана паралелно на регионалниот пат и претставува нова сервисна улица во индустриската зона.
Генезата на објектот произлегува преку синергија меѓу топографијата на теренот, контекстот што го опкружува и мултифункционалата програма која ќе вмрежи различни таргет групи на корисници во исти временски периоди.
Објектот има павилјонска поставеност на парцелата која е на терен во стрмен пад од североисток кон југозапад, обиколен со ниска вегетација на југоисточна страна, индустриски објекти на североисточна и југозападна страна и ситна структура од индивидуални станбени објекти на северозападната страна.
Мултифункционалата содржина на простории и типот на користење на истите ни зададе предизвик да генерираме просторен модел преку кој ќе овозможиме кохезија на различните содржини и групи во рамки на еден просторен систем, притоа создавајќи едноставна просторна структура која ненаметливо ќе се вгради во контекстот, дефинирајќи динамични простори со богати просторни квалитети.
Резултатот е павилјонски поставени објекти со правоаголни основи и четири полни призми кои се напоредно поставени долж двете подолжни страни на парцелата кои примаат индустриска намена сместена во едно конструктивно ниво со галериски простори и перфорирана призма со пација кои внесуваат вегетација во внатрешноста и атриуми кои овозможуваат визуелна конекција која прима административна намена поставена врз двете полни призми формирајќи голем пасаж создавајќи карактер на влезна порта во индустрискиот комплекс.
Просторниот модел добива бипартитна материјална поделба по хоризонтала почнувајќи со затворен базис од фасадни панели како масивна база врз која се поставува целосно транспарентна перфорирана призма со големи стаклени површини кои го внесуваат богатиот контекстуален пејзаж на природно и артифициелно во внатрешноста на административниот блок.
Генерираниот просторен модел создава современа типологија на мултифункционални простори со единствени просторни квалитети кои овозможуваат рационален и функционален преклоп на функции и дејствија за различен таргет група на корисници кои гравитираат во исти временски период.
Автор на статија: Filip Koneski
Димитар Стефановски / Игор Сугарчев / Методи Хаџи Андов / Мултинаменски објект / Параметар Студио / Сашо Андријевски