Музеј на град Прилеп/ Зареска, Јакимовска

Семестар: III година, летен семестар 2023/2024

Тема: Музеј на град Прилеп

Локација: Варош, Прилеп

Автори: Елена Зареска и Марија Јакимовска

Педагошки тим: проф. д-р Мери Батакоја (ментор), проф. д-р Анета Христова-Поповска, визитинг проф. д-р Снежана Весниќ, сор. Љупка Коцева

*Со оваа објава отпочнуваме стручна соработка со Факултетското студентско собрание на Архитектонски факултет Скопје кое ги архивира и споделува проектите на студентите по архитектура во Македонија. Следете ги на инстаграм профилот: @afs_studentski_proekti 

 

 

Музејот на град Прилеп е лоциран покрај аудиториум и карпа „Слон“ со поглед кон градот, додека Марковите кули се издигнуваат над него.

Концептуално, музејот е инспириран од локалните манастири, Марковите Кули и идеата на „фортификација“, кои го користевме како основа за создавање на оваа полу-вкопана структура.

Преку внимателно врамени погледи од внатрешноста и слободно денивелирано движење низ просторот, посетителите се водат низ археолошки, историски, природнонаучни и уметнички збирки.

Просториите се проектирани да го рефлектираат опкружувањето, создавајќи впечаток дека околината и градот се дел од самиот музејски простор.