BIGSEE со награди за современата македонска архитектура
11.04.2019 • Информации
BIG SEE претставува платформа, која ги препознава достигнувањата и потенцијалот на повеќе сфери во повеќе полиња, од архитектура и дизајн до уметност, култура и стил на живеење, спорт, наука, образование и политика, бизнис, патување и храна .
BIG SEE е позиционирана со седиште во Љубљана, Словенија, со таргет на Југоисточна Европа или поточно 19 земји, и тоа: Албанија, Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Кипар, Чешка, Грција, Хрватска, Италија, Унгарија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Словачка, Словенија, Србија и Турција.
Секоја година, во различни категории на креативност, BIG SEE има за цел да ги истакне најдобрите и притоа презентира на пошироката јавност, доделувајќи им признанија. Преку тоа да стане мост и да ги поврзе бизнисите да работат заедно и постигнат повисоки вредности во полињата на интерес.
Оваа година, во категоријата архитектура, платформата награди четири македонски проекти во различни подкатегории, и тоа:
Куќа за двајца / Радиус архитекти/ Категорија: индивидуално домување
Автори: Александар Наумчевски, Мартин Пановски, Јана Гугуловска Ѓорѓевиќ, Душица Диновска Пановска
Фото: Васе Аманито
Резиденција SD / БМА /Категорија: индивидуално домување
Автори: Стефан Атанасоски, Бисера Крчковска, Ахменд Хебипи, Христијан Ивановски, Теута Бајрами, Тина Мијалчева, Никола Ѓурчиновски, Насуф Неблу
Фото: Васе Аманито
Пјацета спроти соборен храм / Автори: Снежана Костовска Николовска и ИНКОМ / Категорија:Урбан пејсаж и опрема
Фото: Борис Јурмовски/ МАРХ, Горан костовски
Стогово 14 / Атика/ Категорија: Колективно домување
Автори: Бојан Тасев, Никола Томевски
Фото: Владимир Мирчевски
Честитки!
Прочитајте повеќе во оригиналната објава на изворот >>>
Автор на статија: Filip Koneski
BIG SEE / АТИКА / БМА / Југоисточна Европа / Костовска / Награди / Радиус