Изложба во најава >>> „БЕТОНСКО СКОПЈЕ“

МАРХ Македонска архитектура Ви најавува изложба на фотографии од сопствените збирки на разгледници „Бетонско Скопје“,  како дел од официјалната програма на Младинскиот Културен Центар за одбележување на 60 годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес. Изложбата ќе биде отворена во 20:30 часот на 26ти јули, 2023 година.

 

 

Збирките беа издадени во периодот од 2018-2022 година, со вкупно 34 фотографии од позначајните архитектонски остварувања на постземјотресно Скопје, кои ќе бидат дел од изложбата.

 

 

 

Проектот „Бетонско Скопје“ беше реализиран во соработка со Град Скопје и МКЦ, додека изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура. Истата е дел од проектот „60 години од 5 и 17“ кој вклучува и изложба на архитектонски илустрации ( кон крајот на годината ), како и реализација на третата галерија на улична уметност во Скопје. За жал овој дел од проектот најверојатно нема да биде реализиран.

 

 

 

Прочитајте повеќе за БЕТОНСКО СКОПЈЕ тука >>>