Невидливо Скопје – Архитектонски водич

 

Година и место на издавање: 2013, Скопје

Издавач: Музеј на Град Скопје

Одговорен Уредник: Љубица Кондијанова

Организација: Фросина Зафировска

Истражувачки тим: Јован Ивановски; Владимир Десков; Паолина Милушева; Билјана Темелковска; Иван Николовски; Сања Лилиткин; Нина Карангелеска Тодоровска; Мартин Ефремовски; Сања Тасева; Бисера Крцковска; Александар Балдазарски (фотографии);

 

Кое е вашето омилено јавно катче од градот Скопје? На кој плочник сте се собирале со пријателите или на која клупа сте „дремеле“ со саати?

Ваквото собирање на отворено е една од најпопуларните социјални активности на младите. Потребен е само едноставен урбан простор, кој честопати има површини за седење, донекаде визуелно засолнета позиција или одреден просторен маркер (впечатлив објект, скулптура, дрво, игралиште, итн.)

Вредноста на овие урбани места ја препознаа група на архитекти и студенти по архитектура, кои успеаа да ги мапираат и документираат во каталог со насловот „Невидливо Скопје“. Освен публикацијата, тие ја подготвија и истоимената изложба која се оддржа во Музејот на Град Скопје.

 

 

 

 

 

 

Студијата Невидливо Скопје претставува истражувачки проект насочен кон проучување на јавните простори во градот. Почетна идеја на истражувањето беше да се откријат, документираат, проучат и јавно претстават местата каде во рамките на комплексниот урбан пејзаж на градот Скопје се создава, раѓа, предизвикува или обликува скриената (суб)култура на секојдневното градско живеење „под отворено небо“. Оваа студија е производ на љубопитноста и истражувачкиот дух на група архитекти и студенти по архитектура од Скопје. Во таа смисла, проектот претставува обид, низ архитектонскиот дискурс, да одговориме на прашањето: каде сé и преку кои форми се манифестира секојдневното урбано живеење, односно урбаноста на градот Скопје на почетокот на XXI век?!

Опис од авторите

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Видео од отворањето на изложбата: