Нов лик за скопските тротоари
20.11.2020 • Информации
Ул .„ Даме Груев“
Во изминатиов период, град Скопје во повеќе наврати ги реконструира скопските улици, во чиј опфат се и тротоарските површини.
Во континутитет градот почнувајќи уште во времето на претходната власт, работи на велосипедската мрежа во Скопје, за која повеќето здруженија и граѓани лобираа и побаруваа.
Новиот лик на тротоарите конечно ги разграничува пешачките површини од велосипедските патеки, притоа вклопувајќи и простор за зеленило со среден раст, што е потег за поздравување, внесува организираност и слика која доликува на метропола.
Ул. „11 Октомври “/ Градска Болница
Но, во некои делови од градот мора да се забележи дека не е ист квалитетот на изведба, ниту на концептот на организација. Оние во Центар се со добар квалитет, добра урбана опрема, додека кон другите општини ( Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба) изведбата на асфалтот е со нерамнини, на повеќе места дупки, со расфрлан песок.
Ул. „11 Октомври “/ Тутунски комбинат / Велосипедската патека е нерамна и незгодна за користење
Генералната слика секако е позитивна, но стандардите би било фер да бидат спроведени еднакво и во другите делови од Скопје. За содржините на патеките одлучува профилот на улицата, но за подлогата не смее да има варијации во квалитетот на изведбата.
Она што се забележува во делот на булевар Србија кај новите скопски облакодери е целосното асфалтирање на тротоарските површини во широчина од 5м. Таквата организација е непотребна и монотона.
Асфалтирањето се препрорачува во делот на велосипедските патеки и особено комбинираните патеки каде пешаците и велосипедистите се на иста површина, но во деловите со широк пресек, делот за пешаците има многу можности со употреба на различни материјали. Таквиот физички различен изглед помага и во перцепцијата на корисниците, да останат во зоната според начинот на користењето.
Бул. „ Србија“ / Жито Лукс
Фотографии: Град Скопје и лични извори
Автор на статија: Filip Koneski