Нова зграда помеѓу Рамстор и NLB

Деновиве започнаа градежните активности на паркингот помеѓу Рамстор и NLB. Уште еден објект со мешана станбено-деловна намена ќе изникне во блокот кој се презасити со изградбата на комплексот Лимак.

Само да го погледнеме урбанистичкиот план кога започна изградбата над Јужниот Булевар, и да го споредиме со тоа денес што се реализира, веднаш можеме да воочиме какви деградирани урбанистички промени се случуваат на кои им нема крај. Никогаш не е доволно, никогаш не е доста!

Во блокот во кој се направи огромен злостор врз културното наследство – за кои пишувавме во неколку наврати, каде се сруши дел од меморијата на Скопје – Старата Железничка Станица ( Музеј на Град Скопје ) ние продолжуваме до густина на градење која е несватлива од чиј интерес е.

 

Дупот кој беше донесен за изградба на Лимак, наспроти тоа што не очекува со измените кои беа донесени

 

Зеленилото исчезна од овој блок скоро 100%, од зелените површини не остана скоро ништо, што повторно го поставува прашањето на стандардите? Кој ги носи овие урбанистички планови, кој дозволува откуп на овие земјишта и задоволува апетити на бизнисмените кои направија Центарот да наликува на некоја азиска метропола каде популациите во градовите надминуваат 10 па и 20 милиони жители. Во град каде сеуште не сме го достигнале милионот градиме густо и деградираме се на патот, додека големите партии даваат само зелено светло игнорирајќи ја во континуитет фелата.