Од изградбата на Железничката станица во Скопје
13.03.2017 • Фотографија ХХ век / II половина

Скопската железничка станица (1971-1981) е дел од транспортниот центар проектиран од јапонскиот архитект и урбанист Кензо Танге. Истата е пак дел од мега структурата „Градска Порта“ која не ја доживеа својата комплетна реализација.
Интересен нумерички податок за овој објект е тоа што е најголемата мостовска конструкција на територијата на Р.Македонија со должина од 1450 метри.
Од публикацијата на некогашниот гигант „Пелагонија“ дојдовме до фотографии од нејзината изградба:
Поставување на камен темелник во присуство на Кензо Танге
@Румен Чамилов
Од непознати извори:
Ф.К

Автор на статија: Filip Koneski