Од урбаните „придобивки“ на Кисела Вода

Делот на Старата населба Кисела Вода, заедно со населбата Буњаковец во делот на непосредната близина на Католичката катедрала, се синоним на сликата што требаше одамна да биде стопирана во македонскиот урбан пејсаж.

Но, колку што можеме да забележиме урбанизмот во Кисела Вода, кој е последица на тековно важечките планови продолжува со „кањонизирање“ на малите улици, создавање на присилни социјални релации со прозорци на 3-4 метри од спротивната страна со директен преглед на животот на соседот, како и балкони преку кои ќе можете да влезете слободно да се послужите со чаша зејтин или неколку лажици шеќер, секако исто од кај соседот.

Фотографиите ги покажуваат овие состојби, каде се гледа зголемувањето на апетитите на инвеститорите и нивните општински соработници, се гледаат улиците каде не може да препознаеме што е тротоар а што коловоз, ниту каде е зеленилото во парцелата што треба да биде задолжително.

Што повеќе останува да се коментира?!