Од зеленило до нови површини за градба / случај 11Октомври – бараки

За случајот со 11 Октомври-бараки, веќе во неколку наврати информиравме и алармиравме со цел  да се спречи влегувањето на урбаното дивеење кое изостана во овој дел од градот низ сиве овие децении на деструкција врз Скопје.

Но, од ова лето тоа конечно успеа да ги помине сите легални процедури, каде од зеленило, низ процес на чудниот закон за  денационализација, група сопственици докажаа право на сопственост и  го трансформираа просторот во градежно земјиште.

Имено се работи за паркчето во населбата, кое е централно позиционирано. До пред некоја година истото можеше да се увиди и во урбанистичките планови.

пред

потоа

Со последниот урбанистички план, во неговата површина се внесени  следниве  „маркици“ за градба:

– Станбен објект со височина од 23,50 м и П+6+Пк на местото на старото игралиште, меѓувремено користено како неформален паркинг;

@Google Earth/ Street view

– Станбен објект со со височина од 23,50 м и П+6+Пк, на местото на месната заедница

@Google Earth/ Street view

– Паркинг простор долж улицата Ефтим Спространов, со кој се уништува дрворедот кој во суштина претставува и најголемата концетрација на вертикално зеленило.

@Google Earth/ Street view

Деновиве  започна сечата на дрва и оградување на просторот за интервенција.

Во некое паметно општество, на просторот на руинираното игралиште, ќе се направеше проширување на тревната површина со рекреативни содржини, но…. 🙁

како можеше