Општина Центар никако да ги обнови Кермес и Езерце

Општината Центар, срцето на Скопје, за жал не може да се пофали со посериозни зафати во делот на значајните точки од идентитетското и суштинско минато на градот.

Во многу наврати сме го повикувале раководството да превземе нешто околу архитектонското и градителско наследство на Скопје, кое во голем дел е сконцентрирано во центарот. Тука не говориме само за најдалечните историски периоди, туку оние поблиските спомени и маркери, како што се предземјотресната архитектура, модернистичкото наследство, брутализмот и сл.

Дебар Маало, Улицата „Македонија“, плоштадот „Македонија“, улицата „Максим Горки“, Старата Железничка станица, делот од чаршијата, СкопскатаТврдина итн.  Сите овие простори се загрозени и незаштитени, со постојана тенденција на деградирање.

 

Ресторан Кермес / XIX век

Градскиот парк како дел од срцето на градот, некогаш ги поседуваше Кермес и кафаната Езерце. Кермес како историски маркер, дозволија да биде срушен и незаштитен, непрепознаен, додека Езерце одамна архитектонски не претставуваше вредност – туку име и локација.

 

Состојбата на Кермес пред рушењето

 

И покрај ваквиот исход, за Кермес постоеше проект за негова изградба, кој потоа беше стопиран и до ден денес остана така. За „Езерце“ се распиша јавен конкурс на кој учествуваа 26 идејни решенија пред повеќе од деценија. Се жонглираше постојано со неговата изведба, имотните листови, судски спорови, но и тука никогаш не го видовме исходот од истото.

 

фото: Извор

Aрхивски фотографии

 

Минатиот месец се срушија и остатоците од оригиналниот и прв објект, кој беа инкомпорирани во победничкото решение за ресторанот „Езерце“.

 

Ресторан „Езерце” / Конески, Георгиев 2014

 

Во текот на новиот мандат на стариот градоначалник се надеваме дека ќе се одглават процесите за овие две точки и ќе се овозможи на Градскиот Парк да му се вратат и реактивираат старите боемски точки како Кермес и Езерце.

 

Тажен Центар

 

п.с Клупата за која ве прозвавме толку пати, сеуште чека на вашата интервенција, се надеваме следниве 4 години ќе најдете време и волја.