Раст 2.0: Населба – Орто град(ина) / Ристеска, Трајчева, Таневска, Србиноска

Автори: Анастасија Ристеска , Илина Трајчева, Ангела Таневска, Катерина Србиноска

Проектна задача: Населба

Локација: Расадник, Кисела Вода, Скопје

Предмет: Интегративно студио Раст 2.0: Населба

Семестар: IX – 2022/23

Педагошки тим: проф. д-р. Слободан Велевски, проф. д-р. Марија Мано-Велевска, асис. д-р. Благоја Бајковски

Универзитет: „Св. Кирил и Методиј” – Архитектонски факултет, Скопје

 

Некогаш имаше поле со богат пејзаж,

место на мир, слобода и егзистенција.

Но времето поминува и светот е во раст,

полето исчезнува, се појавува населба со голема страст.

Од неговата пепел се издигнува нова креација,

згради долги, поинаква сензација.

Структурата целосно се променува,

полето е присутно, само се видоизменува.

Можеби го има во помала мера,

но неговиот дух живее во поинаква ера.

Пусто поле, сега исполнето со живот и цел,

симбол на заедница, и соживот како во разгледница.

Мапа по аналогија

Среде ридови и густо градско ткиво, се вкоренува нова населба водена од желба за социјално вмрежување и љубов кон природата. Тука јасно се издигнуваат објектите, како војници во строј, но и покрај нивниот едноставен и унифициран изглед, тие нудат топол дом за сите. Објектите се поставени во мрежа со ист растер, секој од нив уникатен израз на луѓето кои живеат внатре. Различни возрасти, економски или социјален статус, потекло или вера, живеат заедно во хармонија, бидејќи духот на населбата е да поврзува и зближува. Покрај сите различности, тие споделуваат едно заедничко – конекција со природата.

 

Мапа

 

Орто град(ина) има повеќе типологии на домување, а во центарот се издигнува густа и бујна шума – потсетник на пејзажот кој бил присутен во минатото. Тука е присутна и почитта кон природата, претопена во зелени површини кои ги испреплетуваат објектите. Дрвјата допираат до небото создавајќи мир, спокој и слобода, место каде секој еден може да ужива во едноставните задоволства на животот. Плоштади за собири, расадник за хоби, заеднички отворени простори-дворови за социјализирање, училиште за надоградување, пазар за трговија, храм за спиритуалност, хаб за разни настани – овие простори не се само објекти, туку се крвотокот на заедницата, поврзувајќи ги луѓето меѓусебно и негувајќи го чувството на припадност. Оваа населба не би била само збир на објекти и пејзаж, туку би претставувала вистинска заедница. Место каде луѓето заедно би функционирале, каде се почитуваат и грижат, како еден за друг, така и за природата. Ова соседство е палимпсест на минатото  и сегашноста – наслојување на различности, хармонија, чувство на припадност и чувство на топол дом.

 

Решение
Прилог на полно приземје и петта фасада
Основа на приземје од фрагмент
Основа на карактеристичен кат од фрагмент

 

Соседството не е само место, туку начин на живот. Затоа, ова го прифаќаме како населба – место на заедница, соживот, почит и природа. Затоа што тука на ова место навистина “Everyday is like Sunday”(DOGMA).

ПОИМНИК+ФОТО-ПРИКАЗНА

https://issuu.com/anastasijaristeska/docs/buklet_1

https://issuu.com/anastasijaristeska/docs/buklet_2

https://issuu.com/anastasijaristeska/docs/buklet_3

 

Пресек на фрагмент
Изглед на фрагмент
Основа на фрагмент од индивидуално домување

 

Изглед на фрагмент од индивидуално домување

 

 

Ведута 1-надворешен изглед на индивидуално домување со работа
Ведута 2-надворешен коридор од студентско домување
едута 3-заеднички простор во колективно домување
Ведута 4-поглед од колективно домување