Мартин Пановски, претседателот на ААМ, поднесе оставка од работната група која го анализира проектот „Скопје 2014“
22.02.2019 • Став
Извор: Порта 3
Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Макеодонија – ААМ, Мартин Пановски поднесе оставка од работната група формирана од Министерството за култура која изработува елаборати и извештаии за спомениците и објектите од „Скопје 2014“.
Министерството за култура на Република Македонија во јули 2017 година, формираше Работна група за изработка на Анализа за реализацијата и последиците од проект „Скопје 2014“. Во Групата членуваат: проф. д-р Мирослав Грчев, м-р Никола Наумоски, политиколог и комуниколог, Мартин Пановски, архитект и претседател на ААМ, доц. д-р. Донка Барџиева – Трајковска, историчар на уметност и конзерватор и Златко Теодосиевски, ликовен критичар и советник – куратор.
Работната група има задача да подготви Анализа на реализацијата на досегашните активности од проектот „Скопје 2014“, да изврши евалуација на сите аспекти од проектот во надлежност на Министерството за култура и да даде предлог за можни решенија и мерки за реализација на активности во наредниот период.
Автор на статија: marh