Панел дискусии и тркалезни маси на Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти
28.11.2024 • Информации
На Третата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти предвидени се панел дискусии и тркалезни маси.
Панел дискусијата со наслов „Граници на архитектурата“ ќе биде модерирана од Марта Илиевска, а во истата учество ќе земат:
• Ана Ивановска Дескова
• Газим Пачаризи
• Огнен Арсов
• Ана Коси
Надица Ангова Колевска ќе ја модерира панел дискусијата со наслов „Архитектонски пат: Од концепт до реализација“, а во истата учество ќе земат:
• Јасмина Кнежиќ
• Татјана Шундовска
• Драган Крстевски
Тркалезната маса на тема „Урбанистичко планирање на градови за иднината“ ќе биде модерирана од Надица Ангова Колевска, а во истата учество ќе земат:
• Olivier Richard
• Дивна Пенчиќ
• Јулијана Ставревски
• Скендер Палоши
Лиљана Најдовска ќе ја модерира тркалезната маса на тема „Можности за интеграција на алатките за урбанистичко планирање и системите со кои управува Агенцијата за катастар на недвижности“, а во истата учество ќе земат:
• Натали Ташевска-Гулевска
• Илија Беличоски
• Билјана Ајтарска
Точните термини на панел дискусиите, односно тркалезните маси можете да ги погледнете во Програмата за Третата годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти.
Автор на статија: Filip Koneski