Парк Ублат / BASS Architects

Година на проектирање: 2025

Автори: Бушра Алими, Саит Садику, Ахмед Пошка, Емира Иљази

Проектантско биро: BASS Architects

Локација: Чаир

Површина: 18 380 м2

 

Образложение на концепт

Опфатот на постојниот парк на Чаир е простор исполнет со густи дрвја на северниот дел, што создава карактер и препознатливост. Од јужниот дел на локацијата има фонтани, отворен амфитеатар, што значи дека е најотворената зона со ниска зелена покривка и поретко дрвја.

 

 

Целиот комплекс во предложениот проект е раздвоен на две зони – една бучна зона со игралишта и отворен амфитеатар, дизајниран за различни културни настани и  една “мирна” зона, покриена со шума, со дрвени патеки што се кружат околу и меѓу постоечките дрвја, со места за одмор и средби, како и мала зона за пинг понг маси.

Главната патека е дизајнирана за трчање, широка 4 метри, ги дефинира главните влезови во паркот од страната на улицата “Кристијан Тодоровски Карпош”. Таа поминува помеѓу дрвјата, формира голем лак  и прави обиколка околу игралиштето, со што корисниците можат да уживаат во повеќе погледи и визури при прошетката низ паркот.

Во  јужниот влез од страна на булеварот проектиран е мал плоштад кој го акцентира влезот во паркот. Уреден е со простор за седење,  чешма и илуминација со фенери. Од западната страна на комплексот се проектирани скали кои водат кон влезовите на стадионот.

 

 

Главниот простор за игра е подигнат делумно, на  3.5 метри со цел да се создадат просторни можности  за лизгање и искачување интегрирани во теренот. Околу него има места за одмор, области засадени со различни цветови, тунел кој го пресекува ридот, додека во кругот на плоштадот имаме фонтана што дава свежината на амбиентот правејќи ја  поатрактивна за децата.

 

 

Дрвото како материјал кој е најзастапен во интервенцијата се интегрира со природниот амбиент на паркот. Најголемиот број од корисниците на просторите за рекреација се деца, со идеја да бидат анимирани и привлечни за нив се  користат различни бои. Во “бучната” зона се употребуваат бетонски и бекатонски платформи додека во“мирната” зона е употребено  дрвото како материјал.