Плоштад на традиционалните занаети, Вараждин, Хрватска / KONNTRA

Година: 2020

Локација: Вараждин, Хрватска

Автори:  KONNTRA – Силвија Шалева, Мирјана Лозановска, Ерик Јуришевич, Нина Пахович;

Површина: 280 m²

Фотографии: KONNTRA

Награди:

– Прво место на урбанистичко – архитектонски конкурс „Плоштад на традиционалните занаети”

– Номинација – 2022 EU Prize for Contemporary Architecture – Mies van der Rohe Award

 

Две години откако KONNTRA го освои првото место на конкурсот за „Плоштад на традиционалните занаети“, тие го реализираа нивниот проект во центарот на Вараждин. Дополнително, изведбата доби и номинација за престижната награда на ЕУ за современа архитектура – Мис Ван Де Рое.

На следниот линк може да се потсетите на идејното решение, а во продолжение да го погледнете финалниот резултат и описот на авторите.

 

 

 

Идејно решение за плоштадот на традиционалните занаети

 

 

 

Проект кој ни разбуди посебна инспирација, како при изработка на проектната документација, така и при изведбениот процес, севкупната соработка со корисниците, и трудот кој пред се ние како архитекти го вложивме, за севкупен придонес на плоштадот во стариот град во Вараждин.

 

 

 

 

 

 

Локација

Плоштадот за Традиционални занаети во Вараждин се наоѓа во централниот дел на градот. Како многу важна точка што го засилува традиционалното производство на производи, таа бараше многу чувствителен пристап кој ќе го негува и зачува сегашниот идентитет на областа. Локацијата на плоштадот е на пресекот на различни видови објекти и активности; на северната страна е стариот град, од јужната и источната страна се станбени згради, додека на западната страна се наоѓа сакрален објект со исклучителна важност за таа област. Оваа локација веќе нуди еден вид традиционален амбиент, а тесните улици додаваат на посебниот шарм на местото. Целокупното функционално решение и пристап за дизајн требаше да го потенцираат и зачуваат квалитетот на локацијата. Во програмата покрај урбанистичкото решение и поставување на урбаната опрема, секако како главен доминантен елемент на плоштадот беа позиционирани модуларни киосци, во кои е планирана продажба и презентација на традиционални рачни изработки. Задржувањето само на позицијата од постоечките модуларни киосци, во нашиот проект овозможија главен фокус и размислување и имплементација на нов модерен дизајн, на новопроектираните киосци и флексибилност која ќе обезбеди подобар простор за презентација.

 

 

 

 

 

 

Урбан концепт

Урбаниот концепт и поставеност ја збогатува врската помеѓу плоштадот како слободен простор и модуларните киосци. Одлуката за поставување мобилни киосци на југ и исток од постојните фасади е донесена со проценка на тековната состојба. Задржувањето на овие постојни позиции за киосците овозможуваат инсталирање на шест нови модули кои даваат една нова димензија на плоштадот, но го задржуваат карактерот на околината и се вклопуваат беспрекорно во неа. Отворениот централен простор на плоштадот е збогатен со поставување на дрвја со средна височина како што се видовите: Gleditsia Sunburst и зеленило по соседните ѕидови  Hedera helix- Ivy, што ќе создаде сенка за местата за седење и ќе им даде на корисниците повеќе удобен простор за престој и одмор. Дополнителните елементи од севкупниот дизајн на плоштадот, кои не се фиксни,  овозможуваат целосна флексибилност во централниот простор, кој овозможува да се трансформира према потребите на корисниците, во зависност дали се одржува презентација, проекција, собир и сл.

 

 

 

 

 

 

 

Модуларни киосци

Мобилните модуларни киосци се поставени во линија на фасадните зидови од постоечките објекти на исток и југ. На тој начин се гарантира пристапност од која било страна. Модулот е поставен да обезбеди одлична визуелна комуникација помеѓу посетителите и трговците како производители на традиционалните производи. Секој модул има платформа како надворешно продолжение со соодветна висина што ја формира целата и ја потенцира линеарноста на модулот.

 

Модуларен киоск е дизајниран да се отвори од три страни, иако неговиот намерен распоред варира според морфологијата на околниот простор. Создадени се минимални волумени во форма на квадрат со димензии 240/240/240 cm.

Со дизајнирање и избор на материјали и бои, главната цел беше да се вклопи во околината на градот. Модулите беа дизајнирани со цел да се постигнат различни атмосфери во различни периоди во текот на денот и ноќта. При отварање на самите киосци се дефинира сосем различна атмосфера, достапен е и видлив цел изложбен простор се со цел истакнување и продажба на традиционалните производи. Додека пак кога е затворен во текот на вечерните часови, надворешната обработка со минимален дизајн и со живописна пастелно розова боја на материјалот на фасадата од дрвени табли се вклопува во околината. Надворешните елементи на модулот се многу важни. Платформата е планирана да биде поставена на левата или десната страна, но има и можност да се постави на предната страна од модулот доколку е потребно. Покрај тоа, секој модул доаѓа со парчиња мобилен мебел што може да се поставуваат и да се преместуваат на платформата или плоштадот по потреба. Всушност главен архитектонски потег е модуларноста и флексибилноста на овие објекти.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Урбана опрема

Во втората фаза за изведба која претстои и е планирана во наредните месеци, во тек на изработка се: урбаната опрема, зеленило и осветлување на плоштадот.

Урбаниот мебел на плоштадот се состои од  монолитни бетонски клупи, линеарно поставени на плоштадот долж улицата, спречувајќи паркирање на возила, канти за отпадоци со завршна обработка од бетон се фиксираат периферно на точно дефинирани позиции.

Како еден од доминантни и важни сегменти од севкупниот дизајн на плоштадот е централниот елемент-“витрина”. Како елемент кој е централно поставен, изработен од челична мрежа со дополнителни позиции за дрвени кутии кои ќе овозможат изложба на производите. Таа точка претставува главно место за собирање на плоштадот, има за цел да ја едуцира јавноста за традиционалните занаети, создава простор за презентации и дизајни на производи и го промовира традиционалниот пазар на занаети.

За надополнување на севкупниот амбиент и концепт на плоштадот, предвидени се ѕиден елемент, односно мрежа долж постоечките зидови поставени во позадина на модуларните киосци, по кое е предвидено густо зеленило, и амбиентално осветлување, како што е прикажано на приложените визуелизации.

од авторите