По некој збор за Андреја Дамјанов и неговата архитектура во осмата епизода од втората сезона на „Радиус“
03.10.2024 • Информации
Во новата осма епизода од втората сезона на емисијата „Радиус“ насловена како „Кодот на Мијаците“, се говори за културното наследство оставено од вештите раце на овој македонски род.
Кога помислуваме на македонска традиционална архитектура, копаничарство и резба, носии, музика и се што не врзува со преродбенскиот период, неизбежно е да не се зборува за Реканскиот крај.
Во оваа епизода имавме чест, во име на МАРХ Македонска архитектура, да говори Ноеми Чаусидис, која ја појаснува архитектурата и значењето на врвниот македонски градител Андреја Дамјанов.
Во емисијата, можете да погледнете кадри од Скопје, Бигорскиот Манастир, Тресонче, Ростуше но и Ниш ( Србија ) каде катедралната црква е исто така дело на Дамјанов.
Погледнете ја емисијата во продолжение:
Автор на статија: Filip Koneski
2 сезона / 8ма епизода / Андреја Дамјанов / Код / Мијаци / Радиус