Објавени победниците на конкурсот за наутички клуб во Охрид – организиран од Terra Viva
03.11.2024 • XXI век Информации
Интернационалната платформа за организирање на меѓународни конкурси за архитектура, TerraViva, го распиша првиот од двата конкурси со теми кои обработуваат локации во Македонија. Истите беа одбрани преку претходен повик кој всушност беше потрага за нови предизвици низ светот, т.е потенцијални простори за распис на меѓународни конкурси.
Конкурсот беше објавен како еден од победничките предлози, изработен од Ева Зовиќ и Анастасија Ристеска.
Во фокусот беше пренамената на Одморалиштето на Феријалниот Сојуз во Охрид, дело на архитект Борис Чипан и воедно вредно модернистичко наследство на македонската архитектура. Функцијата која треба да ја добие овој објект преку повикот е наутички и социјален клуб .
Погледнете ги победничките трудови :
1 место:
Diving into Chipan’s Bath of Modernity
Pablo Lopez, Etienne Gary [France]
2 место:
OH(G)RID
Leanid Pylila, Vitalii Borisov, Bohdan Berezovskyi, Oleg Kovalyuk [Czech Republic]
3 место:
Ohrid Reframed
Hieu Phung, Zhaoxiong Han, Jiawei Ji, Zhijin Shen [China]
Образложенијата и останатите трудови погледнете ги на страната кај изворот >>>
Автор на статија: Filip Koneski
nautical club / Ohrid / Terra Viva Competitions / Конкурс / Победници