Покана за стручна дебата за Предлог текстот на новиот Закон за градење

Почитувани,

 

Комората на овластени архитекти и овластени инженери организира стручна дебата за новиот предлог текст на Законот за градење, на 22 октомври (петок), со почеток во 11 часот, во Хотел Хилтон, Скопје.

 

Во прилог на оваа порака, Ви доставуваме покана и агенда за настанот.

 

Покрај поканата во прилог, ги доставуваме и следните материјали:    

•                      предлог текстот на новиот Закон за градење (текстот е идентичен со првичната верзија од 2019 година),

•                      предлог правилникот за класификација на градби,

•                      предложени измени од Комората (мај, 2019) и

•                      резултати од спроведената анкета со членството на Комората во текот на септември 2021 година.

 

 

Напоменуваме: Согласно владините мерки од 18.08.2021, за присуство на настани во затворен простор, задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:

 

•                      сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

•                      сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

 

Ве замолуваме за потврда на Вашето присуство, со повратна порака на: contact@komoraoai.mk