Избор на фотографии од збирката разгледници „Бетонско Скопје“ во објава на Architizer

Modernist Heritage: The Global Architecture Initiative that Rebuilt Post-Earthquake Skopje“ е насловот на објавата на познатиот архитектонски медиум Arhitizer, напишан од страна на Калина Прелиќ, во кој се појавија фотографии на тимот на МАРХ од збирката разгледници „Бетонско Скопје“ под авторство на Филип Конески и Борис Јурмовски. Покрај нашите, се појавија и фотографиите на реномираниот македонски фотограф Васе Аманито, кој повеќе години беше дел од тимот на МАРХ Македонска архитектура.

Во четивото се обработуваат позначајни остварувања од бруталистичката архитектура во градот како што се Телекомуникацискиот Центар, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Македонската опера и балет, Транспортниот Центар итн.

Среќни сме што нашата мисија придонесува за афирмација на македонската сцена во светот и ете оваа објава е да го споделиме тоа чувство со читателите на МАРХ  🙂

 

 

Не би должеле повеќе, прочитајте го оригиналниот напис на Architizer >>> 

😉