ПОВИК ЗА НОМИНАЦИИ ЗА НАГРАДАТА „БОРИС ЧИПАН“

До членовите на Комората на овластени архитекти и инженери,

Комората на овластени архитекти и овластени инженери, традиционално, од 2013 година доделува награда именувана „БОРИС ЧИПАН“, во знак на благодарност и почит за творештвото во сите сфери во земјава и пошироко на заслужен инженер од вашето одделение.

Наградата има за цел да биде поттик на јавната афирмација на трајните вредности, втемелени во делата и мислите на архитектите, заради промоција на општествената улога на архитектот, архитектонското творештво и вреднување на архитектонските достигнувања.

Критериумите за номинација се следни:

Номинираното лице треба:

  • да е докажан инженер, почитуван во стручната фела,
  • да е активен член на Комората во моментот на номинација,
  • да е струково активен во својата дејност во годината во која е кандидиран за наградата,
  • да достави највеќе три најзначајни инженерски достигнувања во изминатите пет години.

При номинацијата да се достави:

  • Kратка биографија,
  • Краток опис и графички додаток, на највеќе три референци за најзначајни реализирани објекти во последните пет години,
  • Кандидатот може да наведе и други достигнувања релевантни за развојот и афирмација на инженерството, вклучително и други добиени домашни и меѓународни награди и признанија.

Номинацијата не може да биде самостојна – односно, кандидатот за именувана награда треба да биде номиниран од друго лице.

Делегати, членови во актуелниот состав на Собранието на Комората не може да бидат номинирани за наградата.

Ве замолуваме за ваша номинација најдоцна до крајот на денот, 1 декември 2023 година. Номинацијата се врши преку електронска пошта – office@komoraoai.mk или директно преку архивата на Комората.

Делегатите во Собранието на Комората од вашето професионално одделение го вршат изборот на лице добитник на наградата.