Повик за номинација за наградата Борис Чипан на КОАИ
25.11.2022 • Информации Конкурси
Комората на овластени архитекти и овластени инженери, традиционално, од 2013 година доделува награда именувана БОРИС ЧИПАН, на заслужен архитект. Критериумите за номинација се следни:
Номинираното лице треба:
- да е докажан архитект, почитуван во стручната фела,
- да е активен член на Комората во моментот на номинација,
- да е струково активен во својата дејност во годината во која е кандидиран за наградата,
- да достави највеќе три најзначајни архитектонски достигнувања во изминатите пет години.
При номинацијата да се достави:
- Kратка биографија,
- Краток опис и графички додаток, на највеќе три референци за најзначајни реализирани објекти во последните пет години,
- Кандидатот може да наведе и други достигнувања релевантни за развојот и афирмација на архитектурата, вклучително и други добиени домашни и меѓународни награди и признанија.
Номинацијата не може да биде самостојна – односно, кандидатот за да биде именуван за награда треба да биде предложен од друго лице.
Повикот е отворен од 16.11.2022 до крајот на денот, 28 ноември 2022 година. Номинацијата се врши преку електронска пошта – office@komoraoai.mk или директно преку архивата на Комората.
Делегатите во Собранието на Комората од одделението за архитектура го вршат изборот на добитникот на наградата.
Автор на статија: Filip Koneski
2022 / КОАИ / Комора на овластени архитекти и инженери / Награда Борис Чипан / повик