Повик за работилница со Северин Филек на Skopje design week 2024

ДЕН: четврток, 7.ноември 2024
ВРЕМЕТРАЊЕ: 15:00–18:00 ч.
ЈАЗИК: Англиски (без превод)
ЛОКАЦИЈА: Литература (Дајмонд Кат1)
БИЛЕТ: 200 МКД ( вклучува кафе, вода и колач)
ПРИЈАВУВАЊЕ: купи билет

Работилница за тоа како да го пресметате вашиот труд и како да ги пресметате авторските права со проф. Северин Филек – директор на designaustria.

Покрај професионалниот ангажман во областа на дизајн и архитектура правилна обработка и пресметка на секоја нарачка/ нов проект е клучот за секојдневната работа на дизајнерот.

Како ја пресметувате вашата саатница кога имате професионален ангажман? Кои фактори играат улога? Што станува со авторските права?

Оваа интерактивна 2-3 часовна работилница
ќе ви даде одговор на сите овие прашања.

Местата се ограничени, пријавувањето е задолжително.

Северин Филек od 1992 е директор на “designaustria”, Австриската асоцијација на дизајнери. Редовно го пренесува своето знање на младите дизајнери (студенти и млади професионалци) за кое смета дека е е од круцијално значење за нивиот кариерен напредок кога станува збор
за дизајн студио или пресметивање на креативниот влог во поглед на ангажман.

Дознајте повеќе кај изворот >>>