Повик за учество на работилница за јавни простори и улогата на жителите и општините во нивното планирање, одржување и трансформација
26.10.2021 • Информации
Здружение КАЖИ КОГА Центар за инклузивен развој Скопје (КАЖИ КОГА) во рамки на проектот „Наш град“, поддржан од Амбасадата на САД организира еднодневна работилница (информативно-едукативна сесија) посветена на јавните простори и улогата на жителите и општините во нивното планирање, одржување и трансформација.
Работилницата е наменета за жителите на општина Аеродром и Кисела Вода, како и за сите оние чие привремено живеалиште е лоцирано во урбаните населени места на двете општини.
Целта на работилницата е учесниците да се запознаат со основите на концептот “Placemaking”, односно, обликување и трансформирање на јавните простори заради зајакнување на врската помеѓу луѓето и општествениот простор кој го делат со останатите свои соседи, сожители, минувачи.
Дополнително, преку дискусија, размена на лични искуства и мислења, учесниците ќе ги мапираат запуштените простори кои со малку труд можат да бидат разубавени, како и ќе ги идентификуваат клучните проблеми со јавните простори во нивното соседство, маало, општина, а кои ги засегаат лично нив, ги засегаат нивните деца, пензионерите или било која категорија на граѓани.
Мислењата, препораките и заклучоците од работилницата треба да послужат како предлог-„мапа“ за поубави населби и маала, кој ќе се презентира пред двете општини.
Работилницата ќе се одржи во Public Room со почеток во 10:30 часот.
Пријавете се на следниот линк веднаш: https://forms.gle/PvVhrSJwbAxuDXoS6 или пишете ни на: kazikoga@gmail.com
Бројот на места е ограничен.
НАПОМЕНА: бидејќи работилницата е со лично присуство и ќе вклучува група од 20 луѓе, доколку сакате да учествувате, задолжително е да поседувате сертификат за вакцинација против Ковид-19 или потврда за прележан ковид, не постар од 6 месеци.
Ве очекуваме!
—
Проектот „Наш град“ е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Автор на статија: Martina Shteriova