Повторно распишан меѓународниот конкурс за Расадник
15.03.2023 • Конкурси
Општина Кисела Вода, денес одново го распиша меѓународниот повик за избор на архитектонско-урбанистичко решение за Расадник. Во продолжение го објавуваме оригиналниот текст од страната на општината:
Почитувани сограѓани, Почитувани архитекти и планери,
Транспарентната и одговорна работа на Општина Кисела Вода, дефинирана како еден од нејзините стратешки приоритети,во изминатиот период овозможи нов концепт на функционирање на оваа локална самоуправа.
Како еден одличен пример на претходно кажаното е направениот чекор во насока на транспарентното донесување на Урбанистичките планови, кој подразбира вклученост на граѓаните и стручната јавност.
Распишаниот Меѓународен конкурсза идејниот лик на градската четврт Ј14, попозната кај нашите граѓани како ДУП Расадник, е своевидна револуција во урбанистичко-архитектонското делување во Македонија бидејќи овозможува одговорно, стручно и хумано планирање на ликот на оваа урбана заедница.
Иако посакуваните решенија, не ги добивме во првиот обид, поради тоа што и покрај големата заинтересираност, имаше недоволен број на пријави и конкурсот мораше да се поништи, сепак Општина Кисела Вода не се обесхрабри во намерата Расадник да биде пристојно и хумано место за живот.
Оттука, жири комисијата веднаш по завршување на Конкурсот направи опсежна анализа за причините за недоволниот број на пријавени апликации. Во изминатиов период се одржаа состаноци со Архитектонскиот Факултет, Комората на Архитекти и Асоцијацијата на Архитекти на Македонија и се направија анкети на сите заинтересирани потенцијални апликанти, по што мешовитата работна група од трите институции и Општината ги вклучи во конкурсната документација насоките добиени од факултетот и професионалната заедница.
Олеснет процес за конкурирање, со новиот дополнет текст, имаат и студентите кои можат да конкурираат без проектантско биро, а дополнително сите конкурсни документи сега ќе може да се стават на електронски медиум (CD,USBИтн) и во затворен коверт со другата документација по брза пошта да се достави до општината.Ова значително финансиски им помага на странските учесници и беше дел од нивните барања.
Новиот Меѓународниот конкурс за Расадник се отвора денес и во наредните четири месеци, ќе биде предизвик за сите оние кои ќе понудатиновативни решенија кои ќе обезбедат квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода.
Од денес 15.03.2022 се до 03.07.2023, е јавно достапен на веб страната на Бирото за јавни набавки, како и на линкот:
https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/8-soodrzina/3559-33333
Сочинет е од два дела и осум прилози. Првиот дел се програмските насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник, додека вториот дел е конкурсната документација и прилозите кон истата.
Сите евентуални дополнителни прашања може да се поставуваат и нае-маил адреса : competition.rasadnik@kiselavoda.gov.mk.
Интересно е дека распишувањето се поклопува со 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, после кој решение за новиот лик на главниот град се бараше токму преку Меѓународен конкурс. УН која во далечната 1964/65 со декларација ја презела обврската за реконструкција на Скопје, односно објавувањето на конкурсот за обнова на Скопје, ги препозна и поздрави нашите заложби за иновативни решенија во насока на креирање на услови за хумано и квалитетно живеење во Расадник. Оттука, оваа организацијаво рамките на проектот со кој ќе се одбележи јубилејот од земјотресот, ќе даде стручна поддршка и ќе го промовира Меѓунaродниот конкурс за Расадникпреку своите меѓународни канцеларии, аќе обезбеди и можност за зголемена транспарентност преку вклучување на набљудувачи во целиот процес.
Уште еднаш потсетувам на наградите во износ од 15000, 8000 и 3000 евра за прво, второ и треторангираниот, како и за двата откупа во износ од по 2000 евра, за кои ќе одлучува 9-члена меѓународна стручна жири комисија во која се вклучени и граѓаните преку Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода. Јас, како градоначалник, како и досега, нема да се мешам во одлуките и ќе ги почитувам решенијата кои ќе бидат одбрани, на тој начин обезбедувајќи целосна независност и валидност на процесот.
Сакам да ги охрабрам ситедомашни и меѓународни стручњаци од областа на архитектонско-урбанистичкото планирање, сите оние кои во овој проект препознаваатпредизвик за работа и професионален развој, да ни ги испратат своите идејни решенија за Меѓународниот конкурс за идејниот лик на Расадник. Се надевам дека заеднички ќе овозможиме квалитетно, одржливо, хумано, здраво живеење и заштита на животната средина за жителите на Кисела Вода, кои пак, треба и мора да бидат императив во работата на секоја свесна и совесна локална самоуправа.
Со почит,
Орце Ѓорѓиевски,
Градоначалник на Општина Кисела Вода
Автор на статија: Filip Koneski
архитектонско-урбанистичко решение / Кисела Вода / Меѓународен конкурс / Расадник