Предавање на Микеле Бонино на АФС

Ве повикуваме на предавањето на Проф. Микеле Бонино, архитект, професор и раководител на Одделот за архитектура и дизајн на Политехничкиот универзитет во Торино, Италија, кое ќе се одржи во понеделник, 20.11.2023 година, со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Предавањето е отворено за јавноста.

Микеле Бонино е архитект и професор по архитектура и урбан дизајн на Политехничкиот универзитет во Торино каде што е раководител на Одделот за архитектура и дизајн. Пред оваа функција бил специјален делегат на ректорот за односи со Кина и со азиските земји.

Тој бил визитинг професор на Универзитетот Хсингхуа во Пекинг и визитинг истражувач на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) во Бостон. Со Сун Јимин тој бил и академски куратор на биеналето за архитектура/урбанизам во Шенжен 2019 година. Бил учесник на Венецијанското биенале во 2004 и 2010 година (павилјон во Италија), како и во 2021 година (кинески павилјон).
Од 2014 година е координатор на студиската програма за двојна диплома (магистер по архитектура) помеѓу Политехничкиот универзитет во Торино и Универзитетот Хсингхуа, а од 2015-2018 бил програмски директор на студиската програма Магистер на науки за архитектура, конструкција, град. Од 2018 година тој е координатор на Полито на заедничката програма за докторски студии по архитектура со Универзитетот Хсингхуа.

 

Извор: АФС